различен (прид.) - област (имн.)

Немаа и обајцата конечен став какво место ќе заземе овој поим во нивната листа на (без)опасни османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бувар и Пекуше со нивните експерименти и потези во различни области сакаат со идеалистичките вознеси да се вивнат кон апсолутното и не можејќи да ги поднесат противречностите, веруваат во моќта на човековиот дух да им се спротивстави на сите феномени за кои науката нудела според нив свои незадоволителни решенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расправата за судбината на поимот милет во балканските јазици ги одвлече Татко и Камилски, неочекувано многу подалеку, во различни области одошто очекуваа, но сепак не веруваа дека допреле до неговата суштина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сеќавам, селекторите (стручни лица од различни области) ќе ги наредеа жените, тасма голи, во салата за фискултура, отпростум, една до друга, за да можат полесно да ја утврдат фактичката состојба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми се чинеше дека слушам oo наместо ow во наречјата околу Тајдвотер, Вирџинија, не знаејќи дека во различни области на граѓанскиот југ, дури и во различни области на Вирџинија, луѓето зборуваат на голем број потполно различни наречја.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од своја страна Римјаните ја забраниле трговијата меѓу одделните области и стапувањето во бракови помеѓу Македонците од различни области.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мојот приод е многу попрагматичен. Филозофијата треба да создава можности, во рамките на тимовите научници, техничари, уметници, дизајнери, луѓе кои доаѓаат од различни области, за да ги создаде околностите на иднината. 116 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со носењето, пак, на новиот ЗРО (2005), старата глава која гласеше „Права на работниците и нивната положба“ несмасно беше расфрлана во повеќе нови глави, кои не секогаш беа поставени на вистинското место, 16 а во доменот на положбата на вработените и нивните права се предвидоа повеќе промени, во различни области, кои соодветно ќе ги разработиме.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Придобивките до кои дојде со донесувањето на овој закон се следните: отстранети се формалните пречки за воспоставување рамноправност меѓу жените и мажите, преку превенција и воведување услови за еднаков третман на жените и мажите; забранета е дискриминацијата врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор и воведени се нормативни мерки од различни области за спречување на оваа дискриминација; се дава приоритет во случај на нееднакво учество на жените и мажите во телата на власт на сите нивоа; воведени се охрабрувачки мерки насочени кон елиминирање на нееднаквиот статус и се пропишани програмски мерки за подигање на свеста, како и за изработка и спроведување на акциони планови за поттикнување и унапредување на еднаквите можности.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Права и обврски на работниците и на работодавачите Со носењето на ЗРО на РМ (1993), се воведоа извесни промени во различни области кои ја засегаа фактичката и правна положба на вработените, vis-à-vis поранешниот ЗРО на СРМ (1990).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Научи да свири на пет музички инструменти, победи на неколку меѓународни натпревари од различни области, освои прво место на еден маратон и направи самостојна изложба на уметнички фотографии.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Библиографијата овде е испуштена: овој есеј е резултат на присобирање на информации од многу различни области.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)