различен (прид.) - позиција (имн.)

Со други зборови значи, задача за феминистичката теорија е како да се сфати идентитетот како место на разлики: жените заземаат различни позиции на субјект во различни времиња; задачата е како да се промисли овој мултиплицитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
151. Спротиставеноста помеѓу македонскиот владетел Марко и српскиот кнез Лазар Хребелјановиќ /1329-1389/ е заснована главно врз различната позиција и практичната политика на двајцава владетели: додека Марко беше турски вазал, Лазар беше независен владетел што им се спротивстави на Турците, па следствено и против Марка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)