различен (прид.) - простор (имн.)

Тоа исто прашање на сосема друго место го поставува некој друг човек, тоа исто прашање во некое друго време го поставува некој трет човек, тоа исто прашање на различни простори и низ разни времиња го поставуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Очајничка е нивната потреба да се искуси нешто што е стварно, нешто што ќе се доживее.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Петмина млади пријатели одат во Тубинген со некаква светост во срцата, како да одат на поклонение, затоа што таму, во домот на столарот Ернст Цимер, живее Фридрих Хелдерлин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кои се доживуваат самите себе како нестварни – се чувствуваат безживотни како предмети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие чувствуваат дека погледите на другите ги поништуваат, а присуството на другите го доживуваат како одземање на нивното присуство, тоа е како некој да им става јамка околу вратот, како со рака да им ги затвора устата и носот, како да ги брише од времето и просторот, како да ги осудува на смрт и покрај тоа што им го остава телото негибнато.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една жена вика: „Мене ме нема! Мене ме нема! Мене ме нема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една жена си ја потопува главата во кофа полна со вода, надевајќи се дека така ќе ги удави сите туѓи мисли кои се во неа, а потоа на нивно место ќе се појават нејзините.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие исти зборови, на различни простори, ги повторуваат неброено многу луѓе низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такво исто не-чувствување на себеси, кај различни луѓе, на различни простори, се повторува неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие исти зборови, на различни простори и во разни времиња ги повторуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И таквото чувство дека светот може да го потопи нивното Јас, се појавува кај различни луѓе, на различни простори, неброено многу пати низ времето.