различен (прид.) - професија (имн.)

Всушност секоја од епизодите во оваа серија (ги имаше чинам десет) зборува за различните професии во кои што Шурда се обидува да се реализира.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Инсталацијата беше лесно изведена бидејќи во Друштвото „Осамени срца“ членуваа и угледни луѓе од различни професии кои, како што самите велеа, „ги поврзува долгогодишно човечко и деловно пријателство“, а тоа за службите отвораше неограничени можности за реализирање на својата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Макар окупатори, француските офицери, од резервниот состав во цивил носители на различни професии, во најголем дел интелектуалци, беа добро примени и почитувани од населението, додека командантот на зоната, подоцна бригадниот генерал Едуар Огист Иполит Мортје, го имаше Татко за свој преведувач.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)