ранет (прид.) - партизан (имн.)

Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Другарката Оливера Срезоска одговорна за претставата, од зад завесата тојчас плисна една кофа крв, растопена црвена земја, и по целата сцена потекоа потоци од ранетиот партизан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знаете... - Да, Кире, - рече Нумо. Тоа беа нашите ранети партизани во болницата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од затворот, одвреме-навреме, доаѓа слабо, но храбро пеење на ранетиот партизан. Пеењето е сѐ погласно, светлото сѐ поголемо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Имиња, имиња, имиња. Извикувани со плач, со љубов, со надеж, со болка, со топлина и со солзи во очите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)