ранлив (прид.) - категорија (имн.)

На овој закон може да му се забележи дека воопшто, како основ за дискриминација не ја предвидува различната сексуална припадност, туку наместо тоа постои мошне срамежлива формулација „припадност на маргинализирана група“, иако заштитата на оваа ранлива категорија требаше да биде вметната во овој Закон според препораките на Европската Унија, а законодавецот вешто ја избегна.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
5. Посебна заштита на т.н. „ранливи категории“ работници: Со ЗРО (2005) се интервенираше и кај посебната заштита на следниве групи – мајка, самохран родител, родител/и на хендикепирано дете, малолетник, повозрасно лице и инвалид со право на професионална рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
– 2013 (Закон за работни односи) - субвенции и олеснувања за работодавачите кои ќе одлучат да вработат социјално ранливи категории или млади луѓе на сметка на државниот буџет
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со ваквата формулација законодавецот преку „објективните причини“ остава преголема легална рамка за понеповолен третман на онаа категорија работници која има засновано работен однос со договор на определено време, бидејќи никаде во законскиот текст нема дефинирано кои причини би се сметале за „објективни“, што во пракса би можело да доведе до негативни импликации по правата на работниците, посебно што ваквата формулација напротив, би можела субјективните преференци на помоќната страна (работодавачот) да ги манифестира како клучни при детерминирањето дали во конкретниот случај станува збор за „објективен исклучок“ од забраната за дискриминација; в) во оваа група на антидискриминациски одредби спаѓаат и одредбите кои ја регулираат експлицитната забрана од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство кои припаѓаат на т.н. „ранлива категорија“ работници, која ужива посебна заштита.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)