распеан (прид.) - птица (имн.)

Учтиви со секого тие распеани птици ја исполнуваа сивата здодевност со смеење, шум и песна до длабока ноќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не сонувавме раззеленети ливади, созреано овошје, распеани птици... туку опожарени куќи и расплакани мајки…
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Песната на американскиот дрозд се умножи и претвори во цела шума од распеани птици.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)