реален (прид.) - опасност (имн.)

Веќе немало никакво сомневање дека британскиот политички естаблишмент ќе треба да му посвети посебно внимание на сега активираното и за нив познато "македонско прашање" од историјата, кое сега преминало во повисок стадиум како "македонско национално прашање", поради што претставувало реална опасност за нарушување на британските интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Надвор здодевно ромори дождец, теренот станува лизгав, постои и реална опасност да се излеат септичките јами, постојат и други опасности, колку да сакаш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
ХЕРЦОГ: Стравот е независен од реалната опасност.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ДА - МАКЕДОНИЈА ВО ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НЕ - ОБЕДИНЕТА, НЕЗАВИСНА И САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Парцијалните извештаи од раководителите на британските воени мисии за политичките ставови на македонските политички и воени раководители, како што видовме, ја подигнале мобилноста на британскиот политички естаблишмент.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
55. Мисирков го има предвид и фактот дека, и покрај тогашната силна романска националистичка пропаганда во Македонија, таа не може да претставува реална опасност за Македонците, бидејќи Романија нема никаков граничен допир со Македонија што да ѝ овозможи евентуално проширување на нејзиното владеење и во овој дел од Балканот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)