реален (прид.) - процес (имн.)

Со други зборови, Кејџ се обидува (и успева) да ја избрише разликата или дуализмот помеѓу уметноста и животот (старата дилема на уметникот помеѓу живеењето и творењето), со воведување на живот во уметноста и растопување на уметноста во реалниот процес на светот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И тој дури и мисијата за опстанатите османизми во балканските јазици со својот пријател Климент Камилски ја сметаше за скромен прилог во новата балканска свест, која требаше и на тој начин да им се пренесе на новите генерации, на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со целосно балканска судбина, беше свесен дека излезот од новата митологија за Балканците беше во еден автентичен, реален процес на самоосвестување ослободен од секакви предрасуди на комплексноста на балканските идентитети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)