револуционерен (прид.) - акција (имн.)

Инаку, сите биле добри ученици, но тоа “ќе се арчиме“ сосем ги преокупирало и нивните мисли, ги пренасочило кон револуционерна акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, се јавиле и млади луѓе, нестрпливи, што сметале дека индивидуалната револуционерна акција и саможртвата можеле дури да го заменат колективниот народен напор и на таков начин да го спасат народот од последиците на едно општо и крваво востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџиската револуционерна акција била од таков карактер што ниту имала потреба од широк круг на соучесници ниту пак можело лесно такви да се најдат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На чело на револуционерното движење стоела македонската интелигенција која, во своето огромно мнозинство, била свесна дека ослободувањето на Македонија можело да се постигне преку долгогодишни политички и материјални подготовки, т.е. преку свесна револуционерна акција на, барем, поголемиот дел од обесправениот и експлоатиран народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Преку создавање клима на страв и притисок, властите сакале да ја натераат Организацијата на повлекување и да ги охрабрат сите оние што биле противници на револуционерните акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Особено педантно тоа го правеле тие што биле најмногу засегнати од атентатите, како што биле францускиот генерален конзул и грчкиот генерален конзул, кој во секоја револуционерна акција во Македонија гледала смртна опасност за грчките “интереси“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И навистина, зачудува фактот како можело со години да се подготвува една крупна револуционерна акција во еден толку значаен град, полн со странци и дипломати, голем поморско-трговски центар, каде што полицијата секогаш била будна и на штрек, прочуените Хамидови агенти да не се посомневаат и да не откријат ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)