регистарски (прид.) - табличка (имн.)

Синџир тешки камиони, повеќе тонски шлепери и цистерни, најмногу со регистарски таблички на албанските градови Елбасан, Тирана, Драч, Фиер, Флора.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ништо“, реков. „Тоа е само шифра“. „Каква врска има тоа со регистерската табличка на мојот џип, С-909?“, праша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Паркиравме сред село. Понастрана бела Лада со скопски регистарски таблички.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Навистина, во времето кога во главата на Бил Гејтс компјутерите биле присутни колку што во главата на Крале Марко биле игрите со пинг-понг топчињата, ние, децата од нашата улица, можевме да отвораме само прозорци на старите куќи што гледаа директно на улицата по која врвеа најмногу коњски коли, но и по некое фиќо, москвич, или џипче... сите обележани со црвени регистарски таблички.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Колата со туѓи регистарски таблички и со луѓе кои не го знаат нивниот јазик – е сомнителна работа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така, на секое тврдење од теоријата на броеви, кое не е ништо друго туку низа од симболи, може да му се придружи некаков Геделов број кој ќе служи за референца - нешто како телефонски број или регистерска табличка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се гледаше јасно само бројот на регистерската табличка: С-909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се прикрадов до грмушката на десетина метри од оревот и видов: под оревот беше паркиран џипот на Фискултурецот, со регистерската табличка што добро ја знаев: С-909.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)