регуларен (прид.) - војска (имн.)

Некои од телата на убиените војници на регуларната војска, имено, биле измасакрирани и потоа сосем запалени, слично на жртвите паленици од стариот Храм.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Падишахот му го испрати Дургугпаша од Измир со неговите Анадолци и така со Алипаша солунски, Бахитијарпаша јанински, Џавидпаша елбасански и Мустафапаша битолски, го направи својот триста илјадит корпус регуларна војска, на која ѝ се придружи целата фанатизирана турчулија од битолскиот вилает, предводена од назловените бегови и агалари, чии чифлизи гореа по леринско, воденско, кукушко, костурско и битолско поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По тој повод народниот пеач ја запеа оваа песна: Ојти вие агалари, Агалари пашалари, Кажете му на султанот Нека коли нека беси, Македонија нек се треси!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)