решавачки (прид.) - миг (имн.)

Но тој сепак беше храбар човек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Губеше иницијатива во овие решавачки мигови, па мораше сосем да му ја препушти на градоначалникот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не чекајќи Дарвиш да ја заврши мислата, се надоврзав: - Андре Малро кој мина низ три револуции (кинеската, шпанската и антифашистичката) пишуваше дека храброста на човека се состои во тоа во решавачки мигови на историјата да биде реален.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако некогаш бев останал без зборови, во решавачки миг од животот, тоа беше токму тогаш.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)