решителен (прид.) - чекор (имн.)

Минеа дни и секој носеше нова подробност во развојот на оваа љубов, нова точка во изградувањето на овој дијалог со кој требаше да почне едно познанство, меѓутоа решителниот чекор никогаш да се направи, и никако ни првата реченица да биде изговорена пред онаа на која ѝ беше наменета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знаеше дека никој не е готов за решителниот чекор, зашто сите беа зависни и маѓепсани од козите, како што можеше да се теши...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Втемелувањето свој препознатлив поетски идентитет во татковината на јазикот на кој се пее, значи две нешта истовремено: исклучителна поетска дарба и решителен чекор во универзалното и вечното - сон на секој творец.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)