роден (прид.) - дете (имн.)

Никој не би рекол дека е помала од четиринаесет годиии, ако не знаеше кога е женет Илко и кога му се родени децата А и брат и Стојан не личеше на дете од осумдевет години, ами на единаесет дванаесет годишно момче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
6.3 Ќе се престорам во девет света Со очи на штотуку родени деца Со девет заѕвездени чела За да се сретнам со себеси. Со кого? Кој си ти?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)