роден (прид.) - од (предл.)

Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е последица на наметната вештачки и артифициелни митологии родени од профитабилна лакомост и во функција на ништо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кога го видоа белобрадестиот патник, тие, Ескимите, голи и боси, како родени од мајка, се накупчија пред санките, а најстариот – со мустачиња и брада од петнаесетина влакна, се исперчи пред сите други: - Ви велев ли катадневно дека еден ден ќе ни дојде небесниот господар, испратен од белото небо?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)