сакан (прид.) - жена (имн.)

И дека единствената уметност е онаа што е создадена од љубов кон саканата жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можете ли да замислите, тој ми откажа, како да се работи за некоја секојдневна, вообичаена, банална, здодевна или депласирана работа, а не за романтичен дочек на Новата година со саканата жена.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секој час ми доаѓа и ми збори. - Што ти збори?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Додека се качуваше со Турчинот горе, на сарајот, најразлични претчувства му се мотаа низ умот, но ниедно не го возбуди толку, како можноста конечно да ѝ се приближи на саканата жена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Однекаде, во тие грозни мигови на заемно гушење, зашто воздухот бега, шиштејќи преку цевките на апаратот, од белите дробови на болниот, но и од грлата на сите присутни, вакуумизирајќи ја собата, тој се потсетува на портретите на мртвата Камиј од Моне и на мртвиот Климт од Шиле, саканата жена и саканиот учител насликан само неколку часа по смртта.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мажот пак ѝ вели на саканата жена: „Ти си курва“. Таа почнува да плаче.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)