сам (прид.) - почне (гл.)

И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И си киниса, си дојде дома. Бидејќи никој немаше дома, Доста не можеше да го таи своето задоволство, та и сама почна да потпева некаква грчка песна и дури ја заигра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој и самиот почна да зеза.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ми остане ,на дечињата малчокот, та десет греови ќе зема јас" Од овој момент Митра сама почна да ја чува Доста, да и забранува да крева тешко, да трча, да се качува по столовите да симнува нешто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)