сам (прид.) - за (предл.)

Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие така и треба да се сфатат, како бегло на суштинско за мене допирање на прашањето што си го поставив самиот за смелоста на млад поет на почетокот на своето творење да пее за Рацин, прашањето што си го поставувам и сега како и во сиве години во кои зад квантумот стихови и книги, но не и во нивна сенка, живееја овие стихови.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Уметничкото дело ниту сега ниту некогаш се создавало самото за себе, то ест за оној што го изнедрил.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тоа народно име не си го измислува народот сам за себе, ами со него го вика соседниот народ и тој од него си го зема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
64. Бугарија, како покојниот српски крал Александар, се објави самата за полнолетна и зафати самостоен ред глупости што се наречуваа од неа самостојна политика: Ги разруши арните односи со Русија и го повика Стамболова тој да ја предаде Бугарија во рацете на Тројниот сојуз и Англија, и да ја направи нивно орудие против Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ненадејно го напушта Кембриџ и оди да живее сам во Норвешка, во колибата која сам за себе ја изградил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За кратко време ги наведува Расел и Мур да постапуваат со него како со интелектуално рамен на нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите филмови на Макавеев имаат контекст.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Формата е неминовна, ама според Д. Дуковски, може сама за себе да стане цел, да постои како вредност, само ако се дигне на степен на содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако послуша, виде што е разговорот и, како сам за себе, извикнувачки рече: „Е-ху-хааа... Со која историја сте се нафатиле вие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тоа беше вешта сенка на вешт провалник способна да живее самата за себе иако тоа не го правеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)