сам (прид.) - меѓу (предл.)

Лежам и тишината надвиснала како иронијата, недостижен ми е пулсот на волјата и страста на желбата, повторно и повторно се саможртвував и казнував со преживувањето на истите вакви часови од минатото кои совршено се пресликуваат во сегашноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сама во самотијата, сама меѓу бреговите на смрта и брановите на животот, сама во самотијата!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)