самостоен (прид.) - политички (прид.)

Ако се прифати на вид оти таа заедничка историска судбина, тие заеднички политички борби и самостојниот политички живот е судбина на едно исто словенско население и на еден и исти народ, тогаш ќе биде јасно оти тврдењето дека Македонија не составувала географска, етнографска и историска целина е засновано не врз реалноста туку на српските сметки за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Самостојниот политички развиток на Македонија е неопходност, како нешто без кое ние не ќе располагаме со доста средства да се бориме со пропагандите за да ја зачуваме од нив нашата национална самобитност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)