свесен (прид.) - сум (гл.)

А свесна сум дека човек не треба да плаче, зашто од секое лошо има и полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Точно е дека ме мачи опстанокот и парите, но свесна сум дека не е од тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Свесна сум дека модернистичкиот расказ од првата половина на 20 век ги најави постапките кои се радикализираат во постмодернистичкиот расказ од крајот на 20 век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свесен сум дека вас ве глода и друга мака: вие не знаете што точно сака вашето срце.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Свесна сум дека пак ќе паднам во искушение. Нека остане тоа мала тајна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, свесна сум дека животот отвора нови страници, нови предизвици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)