светол (прид.) - линија (имн.)

„Се надевам дека може да се каже дека и вие ќе ѝ припаднете на таа монастирлитска светла линија на верата”, му рече со спокоен глас претседателот на синагогалниот одбор, кога младиот Елеазар бен Цви беше поставен за рабин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така навистина и се појавија, иако уметничката немаше намера свесно да ги создаде, „одредените темни навестувања помеѓу светлите линии” и „турбуленциите кои само што не се пробиле” низ невината роса, како некој микроскопски засилувач да пренесува ек на нуклеарна енергија латентна во мирните молекули на универзалниот растворувач.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)