свештенички (прид.) - работа (имн.)

Не само дека врши свештенечка работа, и не само дека е Акиноски, туку и дека прв тој од сите Акиноски излезе од Имотот, се вмеша во работите на Потковицата и повеќе од десет години ја закрилува со својот ум, со своето богатство и со честа што му ја имаат и тука, во Потковицата, и надвор од неа: во Прилеп, во Битола па дури и во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Рече Максим не е никаков свештеник, па според тоа нема ни право да врши свештеничка работа; закопните обреди, како што ги вршев и досега, рече, пет-шест години наназад, јас ќе ги извршам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на Трескаец, за првпат го откри, а потоа, во Света Гора, и го домисли она што и ден-денеска го сокрива од луѓето и поради кое мисли дека е неподобен за вршење на свештеничка работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)