свилен (прид.) - бубачка (имн.)

Откриено е дека габичката Botrutis предизвикува болест кај свилените бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакав да проверам кај Живко дали и тој истото го забележал, но Живко беше зафатен со Предо: му објаснуваше дека ако лапнал дафинов лист, него сега желудникот му го дроби, како свилената бубачка што го грицка дудинковиот лист, и му треба (погледна во рачниот часовник) толку и толку време за да го сомеле целиот, а на Предо му останува само да седи и да пие кисела вода - се разбравме?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали му се причинува дека од косата ѝ излетаа свилени бубачки?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)