свилен (прид.) - шамија (имн.)

Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој беше целиот забревтан, се потеше и се бришеше со свилената шамија што си ја вадеше од џебот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)