свински (прид.) - глава (имн.)

Во ретките мигови кога сум печена свинска глава што го гризе забранетото јаболко, посакувам да сум покрај езеро, да си ги шлапкам нозете во водата, да се појавиш ти штотуку изгонета од Рајот и да влезеш во езерото, а јас да се радувам гледајќи те како го покачуваш нивото на водата со твоето дебело тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во сите останати мигови само сакам да си покрај мене, да јадеш нешто висококалорично (како, на пример, свинска глава) да те наречам кит и тој збор да стане комплимент само затоа што се однесува на тебе. * Запис за љубовта сфатена на прехранбен начин, пронајден во печена свинска глава
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)