свој (прид.) - висина (имн.)

Меѓутоа, беше судено неговото љубовничко самочувство осетно да порасте од една друга работа што се завршуваше, а во која нему му се падна улога на обожаван предмет, но без да може сега тој, од својата висина да слезе до суштеството во кое, сосем ненамерно, ги запали чувствата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Но ако не ќе сака ниеден арабаџија да го купи?“ Тој, од својата висина, беше милозлив и мудар и ја сокриваше пред нив сувата горчина:
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Претставникот на Централниот комитет, следен со бурен аплауз од присутните, се доближи до микрофонот, го поднамести според својата висина и започна: - Другари, ние чекориме во комунизмот, многу побрзо отколку што можеа некогаш тоа да го предвидат и нашите највидовити стратези.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дојде Големиот Ден. Го крена купот снег до својата висина и го натапка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)