свој (прид.) - водач (имн.)

Угледувајќи се на своите водачи и први луѓе — на поповите и даскалите, — и селаните тргнаа по тој пат, по патот на омраза и одмазда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коњот тогаш навистина се џапнал со пропнување и, во напад со предните копита, се истргнал од олабавената рака на својот водач.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Извршните органи на ЦК “беа разочарани од своите водачи и наполно ги симпатизираа заговорниците“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оваа војна не ја сметаа за своја, оваа земја не ја љубеа како своја, а него не го есапеа за свој водач.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)