свој (прид.) - гаваз (имн.)

- Фатете го бегот и обесете го на ова дрво!... - им повела пашата на своите гавази и покажа на муренката сред селото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се прости со заптиите во Дуње, бидејќи беше близу до Прилеп, а рано се спреми денски да се прибере, та не подозрувајќи никаква опасност, тргна само со својот гаваз и Андона, кого сакаше уште да го протепа патема што го излага во Полчишта оти ќе плати, кога ќе си отидат во неговото село — Дуње, а од друга страна со него сакаше и да се оправда пред своите старешини во Прилеп, дека ги употреби сите мерки, а останале понеколку души фукара од секое село што не платиле, ама барем разбрале оти живеат во царштината на Султанот, носејќи ги сињилата по телата од стаповите на авалеџијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излезе Мефаил ефенди уште пред Ѓурѓовден со својот гаваз — суваријата Рифата и со недели заседна по мариовските села да врши работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)