свој (прид.) - дно (имн.)

Сеќавањето копаше по своето дно а сепак тоа беше прва престава со разбудувањето, тој настан виден во едно далечно детство, во овој ист град, сонлив и удавен во здодевност и замор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби. Или не беше ништо. Но сеќавањето копаше по своето дно, пребаруваше, го разгрнуваше мовот на заборавот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, секоја длабина си има свое дно. Свој крај...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но пролетта копаше во своето дно, го најавуваше летот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не и рече ништо... Се иправи, проби од своето дно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)