свој (прид.) - домен (имн.)

Секоја од овие дисциплини има одреден степен на логичка кохерентност и прагматична употребливост во својот домен на интерес.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Колку што се ближеше денот на посетата на Мајка Тереза на родниот град, Мајка сè повеќе сакаше да дознае за оваа храбра, блиска жена, не престанувајќи да чита книги и записи за неа, дополнувајќи ја Татковата библио­тека, продолжувајќи си го својот домен во неа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа следеа нови прописи, педантно го класира во главата законодавството од својот домен Константин З., делегатот на Комесаријатот за еврејски прашања останат, распетлан во елекот и со пијалокот што снисходливо му го наточи помошникот и чашката што ја вртеше пред себе среде уморно издолжените сенки во својата конечно стивната скопска канцеларија.  Константин З. не ги сака Евреите, но не е ни за „конечното решение” кое го смета за претерано и во секој случај - бесполезно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во долговечната Османска Империја, покрај османскотурскиот службен јазик, ќе се толерираат јазиците на милетите, односно на различните етнички групи, кои подоцна со распаѓањето на Империјата, ќе бидат јадрата на новите држави- нации! одговараше авторитетно Татко, наоѓајќи се во својот домен на Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)