свој (прид.) - закоп (имн.)

Се чувствувам како да сум на свој закоп: стојам на мартовски ветар меѓу црни, лелеави чемпреси и невини, чиниш ни со рака недопрени споменици и со изморени очи се простувам со себеси в ковчег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Па јас уште немам гроб и ако не стасам на време на својот закоп, може да се случи оние будалите мои да ме затрупаат без ваква плоча па за иднината да останам некое шуле за подсмев.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)