свој (прид.) - зграда (имн.)

Денеска Лидија и Зоки нема што да прават. Одат тие двајцата околу својата зграда, а Зоки има во раката црно јагленче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
У не можеше да го користи ниту лифтот во својата зграда.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во Скопје тогаш навистина имаше осумдесет еснафи и уште повеќе занаети, и секој еснаф си имаше своја зграда со одаи, разни помошници на занаетчиите, и свој писар наречен граматик си имаше, и сите еснафи заедно си имаа еден заеднички ќаја, но да се биде писар-граматик, иако само на папуџискиот еснаф, не беше мала работа и мала чест.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во споредба со американските “downtown” квартови и блоковите облакодери, Дефанс ја губи архитектонската предност на вертикалноста и претераноста со тоа што ги вклештил своите згради во сцена на италијански начин, во затворен театар омеѓен со периферен булевар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ги отеравме у пичку матер оние кои што пред својата зграда цел живот ќе паркираат жолто југо.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Инаку, познати се бројни случаи со луѓе, кои понесени од оваа Хундертвасерова идеја, се обиделе да интервенираат на фасадите од своите згради, заради што морале да одговараат пред судијата за прекршоци.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)