свој (прид.) - зет (имн.)

Тогаш Царот му порачал на својот зет дека грижата за неговите деца отсега ја презема царската куќа а тој треба да се врати таму од каде што дошол.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Си мислев дека сигурно маќеата побарала Марина и баба ѝ да одат во друг стан, или, можеби, баба ѝ на Марина не можела да седи со оваа друга жена на својот зет, откако ја загубила ќерка си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без да ја заврши гимназијата, се вработил како трговец кај својот зет Илија Попстефанов, комисионер во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)