свој (прид.) - коза (имн.)

Но кој да помисли да крене нож на своите кози, на себе...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите стоеја простум, небаре и тие сакаа да учествуваат во епилогот на расказот. Ги гушкаа своите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во деновите на гладот, кога татко ми уште немаше купено коза, нас децата често нè повикуваше бабата Русинка, никогаш не нѐ оставаше без намачкано парче леб и чаша млеко од своите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе му накалемат сѐ што сакаат, ако треба и против своите кози да зборува!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)