свој (прид.) - кулминација (имн.)

Сега, кога длабоките последици од поразот, разорувањето и срамот ја достигнаа својата кулминација, тие мораа да се соочат со студената омраза на светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие својата доверба му ја дадоа на водачот, овчарот, кој ги изневери - на лажен и лош родител.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Наслови како што се Елен предводник или Гробот на Џингис-кан”, кажа Бојс, “можат во основа да се интерпретираат како психолошки.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
240 Во почетокот на септември 1944 година политичките вриежи во царството Бугарија ја беа достигнале својата кулминација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Го вклучувам компјутерот и играм “SIM-City”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Играта ја достигнува својата кулминација кога едно џиновско чудовиште го 81 напаѓа мојот град.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Еротичната напнатост ја досегна изненадувачки својата кулминација, и Младичот почнуваше бладајќи да се прашува дали би можеле некаде да се ебеме, заклучно ова прометно место, предвидувајќи дали некој би поминал.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен тоа, една од работите што најмногу ù недостасуваат на раскашавената култура на овој „смачкан народ“ (в. Б.Конески) токму е поп-уметноста, која подлабоко и психолошки поуверливо се ситуира во одреден културен државен концепт.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кирчо Арсовски токму е солиден претставник на една таква автентична андерграунд „поп-струја“, која својата кулминација, во глобални рамки, ја доживеа низ творештвото на Ворхол, Дејвид Линч или Тарантино.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Блажена насмевка игра на занесеното лице на Цви чија религиозна медитација ги доживува своите кулминации низ доловувањето на легендата за маслото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сиот настан на улицата, тука, зад авлијата, дојде до својата кулминација во времето додека јас ја отворав вратата и излегував на тротоарот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)