свој (прид.) - маче (имн.)

- Многу е мило! - жално рече Љупка гледајќи го своето маче кое и не личеше на маче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таму в десно една мајка му ги брише солзите на синчето, го гушнува, го крева в раце, а тоа се зграпчило за неа како некое маче, ама веќе не плаче, усните на мама му се доближени до увцето и сигурно нешто убаво му шепнува, па се насмевнува и погледнува кон едно девојче кое се гушнало со своето маченце - и тоа, маченце - ќе стане прваче.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)