свој (прид.) - молба (имн.)

Во тој момент Црна почна подмолно да јачи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тогаш, таа ја изговори својата молба со толкава простодушност што во нејзините зборови немаше ништо ни необично ни чудно: "Ако сакате да нè оставите насамо со Јосифа...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Сакам да се ставам со нив, другари, и ќе ве молам да ми помогнете колку што можете — ја упати Ѓорче својата молба кон овие свои стари познаници и организациони луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако ги пратив своите молби, ги проколнував и писмено и усно, навалував и ги окупирав, бев вџасен кога видов дека тоа го сфатиле сериозно и дури и го направија, и постапив како што немаше постапено ниедна црна овца дотогаш: не отстапив, не ги измамив, туку ја прифатив работата што ми ја најдоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)