свој (прид.) - непријател (имн.)

Србите се шовинисти; тие се очаени во борбата со своите непријатели за заштита на нивните национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зошто беше така? Затоа што Инквизицијата ги убиваше своите непријатели на отворено и ги убиваше додека тие сѐ уште не се беа покајале: всушност ги убиваше затоа што беа непокајливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и се пожалуваше на планинската моќ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И како-така, за да се одмаздат на своите непријатели - Турците, востаниците повеќе пати ги насочија своите атентати против Европејците...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И со непријателите на своите непријатели.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И свој непријател и непријател на своите пријатели...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Освен тоа, една нација доаѓа до идентитет само црпејќи од своите непријатели.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Следбениците, меѓутоа, исто така мораат да бидат уверени дека можат да ги победат своите непријатели.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но тоа предизвика огорченост и омраза кај беговите и тие почнаа да гледаат во Мариовците свои непријатели и бунтовници, а во Мариово – како област – земја – што треба да се стави под власт на султанот за да можат да ги подвластат и Мариовците како овие христијани во полето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да ги погуби најлутите свои непријатели поп Јакова и Трајка Сирмев; првиот како најопасен водач на бунтот, а вториот повеќе за инает на Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Низ модрината, ишарана со живо подвижно сребро, човекот го носеше својот непријател, се лизгаше, застануваше само понекогаш да определи на прав пат ли е и ѝ се пожалуваше на планинската ноќ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
28. Да му се направи добро на својот непријател може да биде праведно дело, и не е тешко; а да се љуби непријателот - тоа е повеќе потфат за ангели, не за луѓе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
30. Не собирај злато на земјата, бидејќи златото е татко на мрзливоста, а таа на тагата и гадењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
29. Да му се направи добро на својот непријател е најдобар начин да ѝ се угоди на сопствената суета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
31. Мисли дека другите се праведни или дека ќе бидат, а ако тоа не е така, не си виновен ти. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 230
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
32. Бог е поблагороден од луѓето и ги мери со друга мерка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)