свој (прид.) - нос (имн.)

Братучед ми Мурад ги стави рацете околу главата на коњот, го притисна својот нос во носот на коњот, го потчукна и потем си отидовме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најзабележителни за околината се оние кои се горди на своите носеви.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие веќе не се чувствуваа мали, со тажно обесени веѓи и нејаки, како урочени: мрдаа со ушите и гледаа со двете очи кон коренот на своите носови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Застана нерешително на прозорецот, просто се притули тука и остана таков, допуштајќи веднаш пред својот нос колеблива полутемнина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои не мораат ништо да кажуваат за своите носеви затоа што оддалеку се гледа ползата од нив.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Коњот ти се вратил. Не обрнувај внимание на тоа“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го разгледуваше својот нос од профил, косата, ушите, ја проверуваше со дланките големината и тежината на градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)