свој (прид.) - палто (имн.)

- Добар ден, - рече. - Добар ден, - одговори Нумо. Пандо се поднамести, ја присобра полата од своето палто и, без да се поздрави, праша: - Ќе седнеш?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го откачува од клин своето палто и седнува на тесниот кревет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да се кара пиштеше лимарот нервозно тргајќи го копчето од своето палто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги грабаа своите палта за јаките, налик на животни кога ги фаќаат за врат своите малечки, ги облекуваа и брзо се враќаа на своите места.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И пак како што правеше дедо му, Бојан ја сврте полата на своето палто и со грубиот волнен шаек си го избриша лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледаше низ врелината на клепките: агентот го соблече полека своето палто и ги откопча ракавите на кошулата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
(Го гледа своето палто) Под ова има друго. (Го соблекува) А под ова? (Ја соблекува кошулата) А под неа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)