свој (прид.) - печат (имн.)

Тоа што е необично со оваа гора е дека расте само по средината на внатрешните падини на Потковицата (сртовите се извишуваат голи; обрастени со високи ридски треви тие се, сѐ до назимо, сточни пасишта, а подножјата нивни, односно подножјата на гората, се ливадско земјиште) туку дека таа на целиот живот во Потковицата, и социјален и духовен, му имаше удредно свој печат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таа сака да живее. Зошто да е несреќна? И таа има право на среќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Царот Душан дури и се крунисал овде, крај мостов, за да го остави својот печат. Што мислел тој?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште кога куќата беше полна со челад, одамна како што сега му изгледа на Осиповиот внук, еднаш во едно шмркаво детство и една молзичава младост, човечките надежи на се им даваа свој печат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И размислуваше за тажниот привид на мајчиниот живот што удри свој печат врз сето нејзино суштество – живот на постојано одрекување завршен во лудило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)