свој (прид.) - плен (имн.)

Набрзо, како трофеите на Херкулес, го пронесов својот плен кој толку лесно, знаев, никаде не можев да го освојам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И во двата случаи главниот виновник ќе бидат или сплетот на несреќни околности или мрачните сили на пеколот кои како гладни крвожедни кучиња го чекаат својот плен, тие жртви кои во себе го носеа дивиот страв, тие изгубени и продадени души кои се изгубија по патот на неверството, предавството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе си ги стави рацете одзади, можеби тоа беа часови на размислување, ќе ја фрли главата колку може повисоко (ретко некогаш се веднеше кон земјата), - и туку кружи наоколу во дворот како орел што слетал ниско, над земја демнејќи го својот плен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Слушам удари на секири и одам по нив, ги следам, како загар по својот плен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
НОРА:Беше тоа времето кога игравме нособојка трчајќи на ноктиња по турската чаршија и потоа јазејќи се по олуците-тобогани се плескавме во базени со чај, каде кралицата Балонезе спокојно го чекаше својот плен, мамејќи нè со магичниот ѕвон на клучевите од нејзините златни подземни кафези.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А ние, малите гномчиња, се опивавме од чајот и крештејќи и кикотејќи се лежевме и висевме по малите педалинки како гротескни сплавови на медуза...бла, бла, бла. M И уште ова: кажи ми за разликата меѓу онаа и оваа држава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од петни жили посакуваше својот плен да го земе во заби и да го однесе на својата обележана територија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така ловецот, којшто во праисториско време на ѕидот од својата пештера насликал бизон, веќе не се плаши и сигурен е во својот плен.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)