свој (прид.) - реа (имн.)

Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ѓорѓија повторно културно се насмевна и потоа ја пофали својата сосетка за добро научениот странски јазик, иако вистински не ги регистрира сите информации што му ги даде во толку кратко време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа низ тежок акцент го кажа истото, така што Ѓорѓија едвај ја разбра, па збунет, засрамен од зеленоста на своите тренерки, од својата реа и од таа на ѓубрето, поита надолу по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)