свој (прид.) - револвер (имн.)

Во војнава, под Грунишкиот Вис или „Ерголем“, како го викаа Бугарите, во еден ноќен напад српскиот потполковник Драгутин Радовановиќ со својот револвер го „застрела“ бугарскиот полковник Жеров.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа соседот прв испука со својот револвер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Според некои податоци, во растојание од неколку часа, Мече и Илија фрлиле над 40 бомби и потоа се самоубиле со своите револвери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пред да влезе во неговиот кабинет бараат од него да го остави својот револвер кобра.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За волја на вистината, треба да се рече дека Арафат, придавајќи им во животот големо, понекогаш и пресудно значење на симболите, на пример, при говорот пред Советот во Њујорк го остави својот револвер во гардеробата на светската организација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствуваше на мигови како Мојсие, кој мораше со години да се подготвува во егзил, за да го осмисли реалното враќање во ветената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На масата ќе ја забележат чашката со сѐ уште топол чај, омилен пијалок на Арафат, но тој се спасува во последен миг и заминува во Јордан, потоа во Каиро, кај што ќе се сретне со Титовиот пријател Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фезлиев седи на тврдиот стол веднаш до вратата од претсобјето и го полни и го празни шаржерот на својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го удира Фезлиев со дршката од својот револвер.) Свињо пијана. Методи - каде е?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Трга кон претсобјето. Како и првиот пат тој го вади, го полни својот револвер. Истото го прави и Иван.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Фезлиев тапо гледа во сето тоа и за првпат не прави ни гест да го побара својот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го проверува својот револвер и дури потоа трга кон надворешната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)