свој (прид.) - сетило (имн.)

Спрема тоа човекот живее во оној слој од стварноста што за него го издвојува надворешниот свет а тој може да го види и преку своите сетила и да го изрази преку својот јазик.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако направам холограм на масава и честичките во холограмот ги распределам со истата густина со која се распределени во масата, бидејќи знам дека и масава е еден компјутиран збир од точки исто како и холограмот - ако значи со своите сетила или сознание не можам да ја утврдам разликата помеѓу холограмот на масава и самата маса, тогаш нема веќе никаква смисла да се каже дека холограмот е симулација на масата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И кога сакаше да се сети на уште нешто, лик или звук, не знаеше, заедно со смртта на своите сетила се распрсна во ситни парчиња на непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледаше во нив и се намалуваше заедно со сите свои сетила и болката во раката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ова не го слушаше само со своите уши туку и со сето свое тело, со сите свои сетила, и со порите на својата кожа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Настанува кога луѓето ќе си стават преку своите сетила посеби делови облека, што се поврзани со компјутер.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во случаите кога обете сведочења се еднакво можни, доаѓа до конфликти кои се вистинска агонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако, пак, им верувате на своите сетила, и не верувате во она што ви се зборува, морате да се одрекнете од довербата што ја имате во сведоштвото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
” Во буквална смисла тоа е психоза.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
”, и „Дали да им верувам на своите сетила?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мирис, да, мирис, го чувствува К* мирисот на месечниот циклус, штотуку и’ започна, стручно оценува К* со сите свои сетила, може речиси да се види тоа, минува низ мозокот на К* и речиси го доведува до беснило, до лиги на долната вилица.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ти треба тоа сам да го видиш: сегашната боја на животот, но не гледајќи со очите, туку, со своите сетила.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)