свој (прид.) - средина (имн.)

Сѐ додека не надојдоа сосема блиску прерд него, така за да можат да им бидат видени и нивните остри муцки, и нивните опашки, издолжени зад нив и секоја од нив како прекршена во својата средина од гладот и од мршавоста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Светот бил поделен на обрачи - бара во која од фрлен камен се шират кругови и пак се собираат кон својата средина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата средина, на улиците, в училиште вие се среќавате со такви галеничиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тука и фантазијата многу-многу не помага, таквите луѓе, дали од природна тапост, дали од голема препреденост и расипништво, умеат мошне вешто да се прикриваат од својата средина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)