свој (прид.) - сфаќање (имн.)

Овдека, во горниве одаи, а во склад со своето сфаќање на спахиското достоинство, агите, одлачени од семејствата со тесни, речиси вертикални дрвени скали, во мир и тишина го благуваа својот живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можеа да се споредат овие две работи.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Хичкок во текот на својата работа во Америка помина низ многу фази, постојано барајќи нови можности на изразување, одговарајќи на новите предизвици и продлабочувајќи го своето сфаќање за светот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стоеше некое време со тоа зоврување во себе и врз урнатините на своето сфаќање за тоа останување, едвај се здружуваше да не се размавне и да ги истурка надвор, на снегот, само наежавен свреска: - Ама чујте, луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И да беше, на пример, заправо точно дека Афроамериканците себеси, главно, меѓу себе се определуваат според некакво свое сфаќање дека да се биде Црнец подразбира својствена, необична или изразена наклонетост кон пржено пиле, ребра и лубеница (да се послужам со примерот на Џон), мене, всушност, не би ми било страв да ги испитам културните значења што можеби ги има селективното присвојување на таа храна.88
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како тоа - овца ти барал да заколеш?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Домаќинот се држеше за свои сфаќања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не можев да се ослободам од своето сфаќање, затруено какво што беше, па со машка страст ги прифатив проучувањата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Развивајќи го своето сфаќање за музиката преку делата на најзначајните композитори на европската модерна, Шенберг и Веберн (спротивставувајќи се на првиот и надоврзувајќи се на другиот) и спојувајќи го со обновениот дух на дадата, тој во доменот на музичкото мислење направи нешто аналогно на големото субверзивно и револуционерно дело кое, неколку децении порано во ликовната уметност го оствари Марсел Дишан.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)