свој (прид.) - умешност (имн.)

Тој ја употребил сета своја умешност, и не можел да стори ништо друго, како мајстор-ѕидар, освен да го направи нужниот таласум.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имавме неколку другари со високо образование, ноќе слушаа вести, потоа ги пишуваа на машината, па на матрица и на фотокопир ние ги вадевме и ги делевме по единиците да ги читаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Или сакаш да ми речеш дека се гордееш со својата умешност да го спречуваш водењето на истрагата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имавме и комплет музика, подготвувавме скечеви, а уметниците со својата умешност и малку реквизити ги украсуваа бините.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Онаа убавица, која само поради својата умешност успеа од сервирка во бифето да дотурка дури до претсобјето со огромно биро пред влезот на директорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислам дека бев замелушен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)